ТАВ Аеродроми донираше топли оброци на Пунктот за бездомници Момин Поток во духот на празничното дарување

Точка

20/12/2024

14:34

224

Големина на фонт

а а а

Во духот на пречекот на Новата година и празничната сезона, и како дел од посветеноста кон поддршка на заедниците, ТАВ Македонија донираше топли оброци на Пунктот за бездомници Момин Поток на Црвен крст на Град Скопје.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, денеска (20 декември) донираше свежо подготвени оброци на Пунктот за бездомници Момин Поток при Црвен Крст на Град Скопје.

Донацијата наречена „ТАВ готви“, која што опфаќа и волонтерска помош од вработените на ТАВ, се состои од 110 свежо приготвени хранливи оброци кои имаат за цел да обезбедат топлина, вкусна храна и комфор на луѓето на кои тоа им е потребно во празничниот период.


„Во ТАВ Аеродроми, веруваме во моќта на враќањето на заедницата, а има ли подобро време за тоа од периодот пред да ја пречекаме Новата година, кога многумина од нас се потсетуваат на минатото и се радуваме на подобра иднина. Оваа донација е мал знак на внимание од нас со кој покажуваме колку ја цениме заедницата и нашата желба никој да не остане без храна на преминот кон новата година.“ – изјави Неџат Курт, генералниот директор на ТАВ Македонија.

Ова е втора донација на топли оброци оваа година од ТАВ Македонија за Пунктот за бездомници Момин Поток, подготвена од БТА Македонија, сестринска компанија на ТАВ Македонија одговорна за храна и пијалаци на Меѓународниот Аеродром Скопје.


Замислата на оваа активност од областа на корпоративната општествена одговорност од страна на ТАВ Аеродроми е обезбедување на бездомните лица со основни хранливи оброци во нивната борба за справување со предизвиците на бездомништвото.

Пунктот, кој ја опслужува локалната заедница речиси 15 години и натаму продолжува да биде клучен ресурс за луѓето кои имаат потреба за засолниште, оброци и чувство на надеж.


Иницијативата „ТАВ готви“ е дел од тековните напори на ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми за поддршка и враќање на локалната заедница. Покрај празничната добротворност преку донацијата на храна, компанијата продолжува да соработува со повеќе локални организации во текот на годината во поддршка на групи луѓе кои се соочуваат со економски тешкотии, недостиг на храна и други предизвици.