[ВИДЕО] „Само тогаш ќе влеземе во преговори“: Путин открил што треба Зеленски да направи за да седне со него на маса

Точка

19/12/2024

21:31

4.058

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Русија зборуваше за легитимитетот на претседателот на Украина.

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека Русија нема прелиминарни услови за почеток на преговори за Украина, но дека тие преговори мора да се базираат на договорите од Истанбул и реалноста на теренот.

Тој власта на украинскиот претседател Зеленски ја оценил како нелегитимна бидејќи му истекол мандатот.

„Ако дојдеме до потпишување на документ, тоа можеме да го направиме со некој што е легитимен, а тоа е Радата (украинскиот парламент) и претседателот на Радата. Русија ќе разговара со Зеленски ако тој излезе на избори и добие легитимен мандат. Се кажав во обраќањето во мај, нема смисла да се повторувам“, рекол Путин.


Претседателот на Русија денеска на годишното обраќање до народот изјавил дека Русија секогаш велела дека е подготвена за преговори и компромиси, но дека другата страна ги отфрлила истите.

Тој исто така, на прашање на американски новинар дали е подготвен за компромиси и дали е подготвен нешто да понуди како отстапка, Путин рекол дека политиката всушност е уметност на компромиси.

„Секогаш велевме дека сме подготвени на преговори и компромиси, но спротивната страна ги отфрли преговорите. А резултатите од преговорите секогаш се компромиси“, рекол Путин.


Тој потсетил дека договор своевремено веќе бил постигнат во Истанбул, дека украинската страна сето тоа го парафирала, а птооа се откажала од тоа откако дошол поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кого го опишал како човек со чудна фризура и им рекол дека им е потребна војна до последниот Украинец.

„Еве, наскоро тоа и ќе се случи“, констатирал Путин.