[ВИДЕО] „Битлси“ обединети: Пол Макартни и Ринго Стар повторно заедно на концерт во Лондон

Точка

20/12/2024

15:42

617

Големина на фонт

а а а

Пејачот Пол Макартни повторно настапи со поранешниот член на „Битлси“, Ринго Стар, на концерт во Лондонската Арена.

Ринго Стар на сцената беше пречекан со овации, а дуото изведе легендарни песни на групата како „Helter Skelter“ и „Sgt Pepper’s Lonely Hearts Club Band“, пренесува „Би-би-си“.

„Ова беше одлична ноќ и ве сакам сите“, рече Ринго Стар по настапот, излегувајќи од сцената. Тој концерт беше последен како дел од турнејата на Макартни „Got Back“, за време на која 82-годишниот музичар настапи во Франција, Шпанија и Бразил.

Ринго Стар не беше единствениот специјален гостин на концертот.

Гитаристот на „Ролинг Стоунс“, Рони Вуд, му се придружи на Макартни за време на изведбата на „Get Back“.

Мекартни и Стар се последните преживеани членови на оригиналните „Битлси“.

Тие настапуваа заедно неколку пати откако бендот се распадна во 1969 година, вклучително и настапот во 2015 година, како и за време на последната турнеја на Макартни „Freshen Up“ во 2019 година.