Децата кои победуваат на овој начин можат да ја земат наградата во форма на криптовалута и потоа да ја претворат во готовина.
Во Велика Британија е откриена мрежа на нелегални онлајн казина кои им овозможуваат на децата да се коцкаат со користење на нивните сметки за популарната видеоигра за деца "Roblox", објавија денеска британските медиуми.
Нелегалните онлајн казина користат една од најпопуларните видеоигри во светот за да ги намамат децата на возраст од 12 и повеќе години на коцкање, откри "Sky News".
Децата кои победуваат на овој начин можат да ја земат наградата во форма на криптовалута и потоа да ја претворат во готовина.
По откритијата на "Sky News", британската комисија за коцкање отвори итна истрага за случајот и блокираше онлајн казина кои ја користеа популарната видеоигра за злоупотреба.