[ФОТО] И лидерот на ДУИ Али Ахмети е во Косово

A1ON.MK

17/12/2024

12:15

2.013

Големина на фонт

а а а

Лидерот на ДУИ Али Ахмети е во Косово. Во објава на социјалните мрежи поставена е слика од Ахмети и генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети во угостителски објект во Приштина.

„Утринско кафе во Приштина, со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети“, стои во објавата на фејсбук.

KAFE HISTORIKE ME ALI AHMETIN NË PRISHTINË

Kafen e mengjesit në Prishtinë, me Udhëheqësin e popullit, Atdheut dhe...

Posted by Ismet Sylejmani on Tuesday, December 17, 2024

Неговиот престој во Приштина е во исто време со Артан Груби, кој пред два дена отиде на Косово, а е во очекување на одлуката на Кривичен суд за притворот кој за него го бара Обвинителството за инволвираноста во случајот „Лотарија“ во кој е второосомничен. Првиосомничениот, поранешниот директор на Лотарија на Македонија, Прперим Бајрами исто така не е во земјава. Според информациите кои ги објавија дел од надлежните, тој пред извесно време заминал од Македонија, веројатно исто така на Косово.