Дали вреди да се земе кредит за да се купат акции на берза?

Точка

16/12/2024

11:48

1.770

Големина на фонт

а а а

Не е препорачливо да се земе кредит за да се вложат парите на берза затоа што за инвестирање во хартии од вредност најдобро е да се користат заштедени пари.

Но, дали е секогаш така?

Во изминативе пет години се случија навистина драматични промени на финансиските пазари, па затоа порталот pari.com.mk направи анализа којашто покажа дали се исплатеше да се земе потрошувачки кредит пред пет години за да се купат акции од пет компании со чии акции најмногу се тргува на Македонската берза.

Просечната каматна стапка на потрошувачки кредит во денари и со рок на отплата поголем од пет години во декември 2019 година кај големите банки изнесуваше 2,9 насто, а кај средните банки 2,49 насто. Земаме рок на отплата поголем од пет години поради пониската каматна стапка. Ако некој инвеститор решил да ризикува и во тој месец подигнел потрошувачки кредит во износ од 600.000 денари со фиксна каматна стапка од некоја од големите банки, со рок на отплата од шест години, на крајот на банката ќе треба да ѝ врати околу 655.000 денари. Ако го зел кредитот со истите услови од некоја од средните банки, на крајот ќе треба да врати околу 647.000 денари. На овие износи треба да се додадат и еднократните трошоци за аплицирање и администрирање на кредитот, кои може да изнесуваат од 6.000 до 12.000 денари.

Да видиме сега колкав бил ценовниот раст кај акциите од пет компании на Македонската берза коишто се најатрактивни за инвеститорите во изминативе пет години. Дали растот на цената на овие акции би го оправдал задолжувањето со кредит, кое подразбира и трошок на инвеститорот за кредитот, како и за провизии за брокерот, депозитарот и берзата. Најтргувани акции на Македонската берза во 2019 година беа акциите од Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол, НЛБ банка и Гранит.

Во декември 2019 година, последната просечна дневна цена на акцијата од Комерцијална банка изнесуваше 6.648 денари, што значи дека нашиот инвеститор во тој момент можел да купи 90 акции за 600.000 денари. Ако се одлучел за акциите од Алкалоид, во декември 2019 година можел да купи 50 акции по цена од 11.900 денари. За 600.000 денари можел да купи 532 акции од Гранит по цена од 1.126 денари за една акција. Акцијата од НЛБ банка имаше просечна дневна цена од 17.204 денари, што значи за 600.000 денари можел да купи 34 акции. Акцијата од Макпетрол во декември 2019 година имаше убедливо највисока берзанска цена од дури 77.850 денари во споредба со акциите од избраните пет компании, така што за 600.000 денари беше можно да се купат само 7 акции од оваа компанија.

Одиме година по година. Просечната цена на акцијата од Комерцијална банка во декември 2020 година достигна 7.230 денари. Цената на акцијата од Алкалоид се зголеми на 13.207 денари, а од НЛБ банка на 18.410 денари. Акцијата од Гранит имаше минимален ценовен пад на 1.119 денари, додека акцијата од Макпетрол падна на 73.626 денари.

Извор: Македонска берза

Во декември 2021 година акцијата од Комерцијална банка надмина петоцифрен износ и достигна 11.726 денари. Порасна и цената на акцијата од Алкалоид на 18.440 денари и од НЛБ банка на фантастични 29.195 денари. Нагоре отиде и акцијата од Гранит и достигна цена од 1.393 денари, додека акцијата од Макпетрол достигна цена од 78.280 денари.

Извор: Македонска берза

Декември 2022 година не беше најдобар месец за цените на акциите од Македонската берза и можеше да значи големо разочарување за нашиот инвеститор затоа што акциите од сите пет компании имаа ценовен пад. Цената на акцијата од Комерцијална банка падна на 11.678 денари, од Алкалоид на 17.157 денари, од Гранит на 1.275 денари, од НЛБ банка на 23.700, а од Макпетрол на 67.394 денари.

Извор: Македонска берза

Но, веќе следната година се врати нагорниот ценовен тренд, а со тоа и оптимизмот кај инвеститорите. Во декември 2023 година, акцијата од Комерцијална банка достигна цена од 14.227 денари, од Алкалоид од 18.155 денари, а од НЛБ банка од 29.539 денари. Ценовен пад имаше кај акцијата од Гранит, која падна на 1.179 денари, и кај акцијата од Макпетрол, чија цена се намали на 64.376 денари.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.