Хрватскиот инфлуенсер Марко Кукурин на својот Инстаграм профил сподели фотографии во невообичаено модно издание. Имено, на настанот на којшто бил поканет Кукурин се појавил во здолниште.
Изгледот го комплетираше со бела кошула, црна машна и бели чорапи. Под неговата објава тој напиша: „Да се воведе здолништето како машко парче облека, благодарам“.
На една од фотографиите, Кукурин позираше со својата менторка од шоуто Танц со ѕвездите, Пола Тонковиќ.
Неговата објава има повеќе од 3000 лајкови, а реакциите на неговите следбеници се поделени. Додека едни коментираа дека е смел, позитивен и зрачи со посебна енергија, други сметаа дека е сосема непримерно мажите да носат здолништа.
Некои од коментарите под објавата беа: „Довербата е најдобриот моден додаток“, „Мислев дека си келнер на овој настан“, „Одлично ти прилега“, „Ти недостасуваат уште неколку детали, на пример високи потпетици и напумпани усни, и избричена брада“.
Кукурин неодамна ги изненади своите следбеници со промената на имиџот, а откри дека пред неколку месеци почнал да оди во теретана и се посветил на поздрав начин на живот.