Ријана и нејзиниот партнер АСАП Роки беа фотографирани за време на празничниот шопинг, но вниманието го украде аутфитот на пејачката, која успеа да искомбинира дуксер, долга крзнена бунда и папучи – крокс со циркони.
Пејачката оваа сабота го привлече вниманието со огромната жолто – кафеава бунда, која ја носеше со темносин шорц и дуксер. Оваа модна комбинација пејачката ја заокружи со дизајнерски очила за сонце и црни крокс папучи кои ги носеше со долги бели чорапи.
Rihanna & A$AP Rocky Shopping in Beverly Hills today pic.twitter.com/9jXFclVj0W
— 𝕵𝖆𝖘 (@ririnavybih) December 15, 2024
Инаку очилата Гучи кои таа ги носеше чинат 355 долари, а омразените папучи крокс се дел од колекцијата на Симон Рош, а чинат 175 долари.
Rihanna was spotted shopping in Beverly Hills today wearing @Gucci $355 “GG0543S”Sunglasses, her Vintage Coat and a $175 pair of @Simone_Rocha_ x @Crocs Classic Clogs. pic.twitter.com/DIyCDwPae6
— KYRA (@_Kyra) December 15, 2024
АСАП Роки беше облечен во црна јакна, широки шорцови, патики и капа додека ја придружуваше својата партнерка на улиците со слушалките „Beats“.
Двојката беше фотографирана на празничен шопинг, а ги придружуваа членовите на обезбедувањето на Ријана.
Инаку пејачката неодамна исто така беше во центарот на вниманието на доделувањето Модните награди во Лондон, каде блесна во модна комбинација која го истакнуваше нејзиното деколте. Тогаш под светло синиот фустан од вештачко крзно, таа носеше црн корсет и кожени ракавици до лактите, како и огромен светлосин шешир.