Душан Влаховиќ со голот од пенал во 95-та минута спречи прв пораз за Јувентус во Серија А од стартот на сезоната, но оствареното реми со последниот тим на табелата воопшто не ги задоволи ултрасите на клубот.
Тимот на Тиаго Мота се претплати на реми во домашното првенство и ова против Венеција беше десетто од месец август наваму, па дел од тифозите имаа жестоки забелешки, па и навреди за дел од играчите.
Таквиот третман воопшто не му се допаднал на Душан Влаховиќ кој влегол во расправија со неколку навивачи кои биле на главната трибина, па на социјалните мрежи се појавија и видеа од тензичниот момент.
VIDEO DIRETTAMENTE DALLO STADIO DEL PRESUNTO LITIGIO.
— Mary Di Dio (@marydidio_) December 14, 2024
Grazie a @labiondajuve pic.twitter.com/njjqGKj5Vc
Данило како капитен се обидел да ги смири страстите и да го „олади“ својот соиграч, но овој инцидент го коментирал и Тиаго Мота по ремито од 2:2.
– Фановите имаат слобода за да се изразат како што сакаат и да покажат емоции и чувства. Играчите се први кои сакаат да ги променат работите и да ги претворат нерешените резултати во победи. Ова не е добар момент за нас, но вакви работи се дел од фудбалот.
– Ова не се случува првпат, но нема да биде ниту последен. Мора да бидеме сплотени и да одиме напред заедно. Сите сакаме да ја промениме оваа ситуација. Јасно е дека фановите ќе го искажат својот глас, но ние останува сплотени и уверени дека ќе ги промениме нештата, – порачува Мота.