Пеп Гвардиола го доживува најтешкиот период од својата блескава тренерска кариера. Но, повеќе од поразите и клупските негативни рекорди со Сити неодамна, тој ги загрижи сите за својот изглед и однесување на крајот на минатиот месец.
Откако за првпат во својата тренерска кариера загуби пет натпревари во низа, се чинеше дека на импресивен начин ќе ја прекине серијата на домашен терен против Феенорд во петтото коло од Лигата на шампионите. До 75. минута водеше со 3:0, но потоа по грешките на Јошко Гвардиола и Едерсон им дозволи на гостите да се вратат на 3:3.
Тој шокираше со својот изглед, но и со своето „хумористично“ објаснување за тоа што не е во ред со него
По натпреварот, Гвардиола на прес-конференцијата се појави со крвава расекотина на носот и многу црвени гребаници и модринки на главата. На новинарско прашање од каде се тие рани, Гвардиола одговори: „Со ноктот си го пресеков носот“, а потоа со насмевка додаде: „Сакам да се повредувам…“, стана и си замина.
Here is the clip.pic.twitter.com/L6PFy2LLnk
— M¹⁵ (@m15_edits2) November 26, 2024
Раните и лузните на главата на Пеп и неговата реакција пред камерите на прашањето што се случи со него ги загрижи навивачите на Сити, но и фудбалските навивачи воопшто. Тие на социјалните мрежи пишуваат дека ова е доказ дека Гвардиола е под преголем стрес и дека итно му треба одмор.
Пеп прво се извини за невкусната шега, а сега сериозно објасни што не е во ред со него
Неговиот ваков изглед, како и „шеговито“ објаснување зошто така се појавил во јавноста, предизвика бурни реакции. Поради ова, Пеп набрзо се извини. Тој изрази жалење што се исмева со самоповредување бидејќи, како што нагласи, тоа е сериозен проблем.
Сега, речиси три недели подоцна, сериозно објасни од каде му се сите тие рани на главата: „Што се однесува до модринките на главата, имам проблеми со кожата. Поради болеста две-три години пијам антихистаминици. Носот го исеков со нокти, но она другото не го направив јас“.