Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити денеска ги објави финансиските резултати за периодот до 30. јуни и се пофали со историска бројка.
Премиерлигашот имал вкупни приходи од 715 милиони фунти, што е подобрување за 2,2 милиони фунти и подобрување на апсолутниот рекорд во историјата на англискиот фудбал.
Трошоците за плати последната година се намалиле за 10,3 милиони фунти и изнесуваат 412,6 милиони фунти, а регистриран е профит од 73,8 милиони фунти.
Манчестер Сити се пофали и со трансфер позитива од 92,8 милиони фунти, сума до која клубот дојде благодарение на продажбите на играчи како Алварез, Кансело и Делап.
Позитивната финансиска слика ќе влијае на амбициите на Пеп Гвардиола за сериозни инвестиции во следните преодни рокови, со што Сити ќе добие освежување за екипата која сезонава е во резултатска криза.