Жалбата на Барселона одбиена, Флик се сели на трибина

Дерби

13/12/2024

13:23

1.150

Големина на фонт

а а а

Барселона освои само бод на гостувањето кај Бетис, а тренерот Ханси Флик го искажа незадоволството од судењето на пожесток начин и заработи црвен картон.

Откако дисциплинската комисија му додели суспензија на два натпревара, Барселона експресно испрати жалба, но денеска стана јасно дека таа е одбиена.

Неуспехот да се промени одлуката значи дека Флик ќе мора да ги следи наредните два натпревара од трибините и нема да може да ја води екипата крај аут-линијата.

Следни противници на Барса се Легањес и Атлетико Мадрид, па тренерот сигурно ќе недостасува посебно за дербито против еден од ривалите за највисок пласман.

– Навистина сум разочаран поради исклучувањето, не очекував дека ќе ми се случи такво нешто. Но, овде во Шпанија веројатно е така, ќе мора да ја прифатам одлуката, – истакнал Флик по средбата со Бетис.