Лионел Меси доби повеќе време за одмор откако Интер Мајами доживеа рана елиминација во МЛС плејофот, па откако заврши сезоната, Аргентинецот ги исполнува и обврските кои ги има кон своите спонзори.
Од самиот старт на неговата кариера, убедливо најверен спонзор на Аргентинецот е германскиот спортски бренд „Адидас“, а при последната промоција од која тој бил дел, насобраните новинари добиле шанса да му постават прашања на Меси.
Is there a new generation player that you see and say, 'Oh, that's me when I was younger?'
— Barça Worldwide (@BarcaWorldwide) December 12, 2024
🚨Messi: The new generation of young players is very good and has many years ahead of them. Well, you have heard about Lamine Yamal, no doubt. pic.twitter.com/1Lo4WWvQsG
Еден од новинарите беше доста инспиративен и побара од Меси да го избере фудбалерот кој го потсетува на неговите млади денови, а иако прво почна резервирано, Лео во продолжение го издвои Ламин Јамал кој прави чуда како тинејџер во Барселона.
– Има многу големи талентирани фудбалери кои имаат светла и спектакуларна иднина пред себе. Сепак, ако треба да изберам еден, тоа е Ламин.
– Го велам тоа поради работите кои ги оствари на своја возраст и поради иднината која ја има пред себе. Многу работи ќе зависат од него, во фудбалот може да се случи се, но тој е сегашноста и иднината на фудбалот, – потенцира Меси.