Иван Ракитиќ и неговата сопруга од Шпанија Ракел Маури го дадоа првото заедничко интервју за "IN Magazin". Разговараа за многу интересни теми, а меѓу другото ја открија и тајната на нивната успешна врска и хармоничен брак кој трае 14 години.
Иван: Ние размислуваме исто за се
„Па, јас би рекол почит еден кон друг, и на крајот на денот мора да ја има таа страст, таа љубов. Имав доволно среќа да ја сретнам првиот ден кога пристигнав во Севиља и секогаш велиме дека веќе мора да се познаваме од претходниот живот бидејќи размислуваме за многу работи на ист начин. И за воспитувањето на нашите деца, што сакаме да правиме, каде ја гледаме нашата иднина“, рече Иван.
„И на крајот од денот секогаш велиме дека сè во животот се случува со причина“, заклучил тој.
Ракел: Хрватскиот јазик е многу тежок
Водителката ја прашала Ракел како ѝ се допаѓа животот во Сплит. „Многу сум среќна. Луѓето се отворени, многу ми помагаат. Убаво ми е од првиот ден, многу сум благодарна за се и уживам во секој момент“, рекла таа.
Таа признала дека учењето на хрватскиот јазик не и е лесно. „Хрватскиот е многу тежок, но не е важно, малку по малку јас зборувам хрватски“, рекла таа и додала дека многу разбира, но не знае да зборува. Малку по малку, јас сум машина“, се пошегувала Шпанката.
Меѓу другото, таа открила и колку и се допаѓа хрватската кујна. „Многу ја сакам. Сакам сарма, кулен, се …“, заклучила таа.
Презентираше деловен проект
Ракитиќ синоќа во Сплит го претстави своето вино. Покрај неговата сопруга која го привлече вниманието во црн топ и одело со светки, се собра и тимот на Хајдук. Со нив бил и кумот на Ракитиќ, Марко Бралиќ Кето.
Ракел е најголемиот поддржувач на Иван
Ракел Маури е најголемиот поддржувач на нејзиниот сопруг. Тие се запознале во 2011 година, кога фудбалерот потпишал за Севиља, на првиот ден од неговото доаѓање. Сепак, му требале неколку месеци да го освои нејзиното срце.
„Тоа е приказна за холивудските филмови. Првиот пат кога ја видов Ракел, реков: „Ќе се оженам за неа“. Само што пристигнав во Севиља, бев многу возбуден, не можев да заспијам, немаше шанси да спијам. И тогаш ја здогледав. Беше келнерка во локалното кафуле. Веднаш се заљубив. Заљубен сум и денес“, изјави еднаш Ракитиќ во интервју за шпанскиот весник „Спорт“.
Тие се венчаа пред матичар во 2013 година, а две години подоцна организираа голема црковна венчавка во Севиља. Тие имаат две ќерки, Алтеа и Адара.