Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, е прогласен за личност на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.
Ова е втор пат Трамп да ја добие оваа престижна награда, откако првпат ја освои во 2016 година, по победата на тогашните претседателски избори.
Титулата „Личност на годината“ се доделува на поединци кои драматично ги обликувале глобалните настани во текот на годината, било како светски лидери, револуционери или значајни влијателни личности.
Donald Trump is TIME's Person of the Year https://t.co/IjP5W2otV5 pic.twitter.com/CVHX9o0DB3
— TIME (@TIME) December 12, 2024
Историска традиција
Интересно е што секој претседател на САД од Френклин Д. Рузвелт наваму ја понел оваа титула барем еднаш, со исклучок на Џералд Форд.
Овој избор потврдува дека Доналд Трамп продолжува да биде една од најконтроверзните и влијателни фигури во американската и глобалната политика.