Од општина Гази Баба со реакција на истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, каде е истакнато дека од општините, Град Скопје и Гази Баба предничат во исплатените суми за адвокати.
Во реакцијата нагласуваат дека отчетноста и транспарентноста се и остануваат приоритет во работењето на општината.
Потенцираат дека Општина Гази Баба како единица на локалната самоуправа нема склучено договор за професионално ангажирање на адвокатот Влатко Ристовски и кон него нема исплатени финансиски средства за извршени адвокатски услуги.
„На ден 07.08.2023 година од страна на Адвокатската канцеларија Адвокат Влатко Ристовски до општина Гази Баба под архивски број 08-6145/1 е доставен предмет: Барање за исплата на побарување во вкупен износ од 6.152.377 денари.
Ова барање произлегува врз основа на правосилна / извршна пресуда ПЛ1-ТС45/17 од 24.04.2017 година на Основниот суд Скопје 2 со која општина Гази Баба е задолжена да му плати на Друштвото за градежништво, промет, транспорт и услуги “Адонис” ДООЕЛ Скопје.
Финансиските средства се исплатени на Адвокатската канцеларија врз основа на склучен договор за отстапување на побарување кој е склучен на 16.02.2022 година во кој Друштвото за градежништво, промет, транспорт и услуги “Адонис” ДООЕЛ Скопје како отстапувач, го пренесува целокупното побарување што го има спрема општина Гази Баба на Адвокат Влатко Ристовски од Скопје, како примач.
Општина Гази Баба во изминатиот период има ангажирано адвокат, како правен застапник пред надлежните институции со цел да ги брани и застапува интересите на општината за предмети кои се однесуваат за постапување на општината пред октомври 2021 година.
Општина Гази Баба за професионалното ангажирање на адвокат има исплатено средства согласно тарифник за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите во Република Македонија“, стои во пишаниот допис.