На денешниот брифинг со новинарите, скопскиот обвинител Гаврил Бубевски откри дека Гоце Трајковски, главниот сведок за поврзаноста на убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, всушност е во бегство.
„Во однос на сведокот Гоце тој е осомничен и за друго тешко кривично дело и во моментов тој е недостапен. Осомничен е за палење на обејкт во кој над објектот живеат станари, станува збор за тешко дело, каде две лица соизвршитеи се во притвор. Тоа се случило на на 13-ти ноември и има соопштение за опожарено кафуле во Кисела Вода“, информираше денеска обвинителот Гаврил Бубевски.
Другите двајца се во притвор, а по Трајковски сè уште се трага. Со оглед на тоа што неколку пати судот го повикува да сведочи за убиството на Вања и Панче, а него го нема да се појави, Бубевски кажа дека ако не го најдат органите на прогонот, неговата изјава дадена во истрагата ќе биде прочитана на едно од наредните рочишта во Кривичниот суд.