Местото за елката е исклучително важно според фенг шуи, за да привлечете пари и благосостојба во наредната година.
Сите се трудиме идната година да ни биде подобра, поубава и посреќна од претходната. За да го постигнеме тоа, често користиме и „трикови“, а тука е и добро познатиот фенг шуи.
Фенг шуи не само што помага во уредувањето на домот и придонесува за благосостојба, туку ни нуди и совети како да ја уредиме новогодишната декорација за да ни создаде позитивна енергија во домот. Според фенг шуи, местото за елката е исклучително важно бидејќи таа ќе ви донесе хармонија.
Ова се најдобрите места за новогодишна елка
Зимзелено дрво симболизира долговечност и пријателство. Според признатите експерти за фенг шуи, триаголната форма на елката се смета за симбол на „огнот“, а најдобро место за овој симбол е во просторијата што го зафаќа горниот лев агол на вашата куќа.
Овој простор се смета за „површина на богатството“, а триаголните форми и предметите направени од дрво се особено моќни. Поставувањето новогодишна елка на ова место ќе привлече богатство и просперитет во вашиот дом.
Исто така, добри места за новогодишни елки се генерално сите агли на вашиот дом или централниот дел од куќата, каде што енергијата ќе се стабилизира во овој период.
Ако сте ја поставиле елката на север, украсете ја со сини, бели, сребрени и златни украси од стакло. Елката на запад или северозапад треба да биде во бели, сребрени, златни и жолти тонови, никако во црвени.
Доколку елката се наоѓа во југозападниот или североисточниот дел од домот, поволни се украсите во жолти и црвени тонови и многу керамички украси, додека белата и сребрената боја не се препорачуваат.
За да придонесете за поквалитетна поврзаност на семејството, пожелно е секој член да постави барем по еден украс на елката, бидејќи со тој чин ја поставува и својата лична енергија. Каде и да ја поставите вашата елка, погрижете се да не го блокирате протокот на енергија низ вашиот дом.
Не смее да се поставува на места што го блокираат протокот на енергија, низ предниот влез или премногу блиску до вратата.
Можеби ќе треба да го преуредите просторот во просторијата каде што ја ставате елката. Ако го направите ова, бидете сигурни мебелот да не го блокира просторот за одење или протокот на енергијата „чи“. Можеби ќе сакате да преместите некое парче мебел во друга просторија во текот на празниците, за да овозможите енергијата слободно да тече низ просторот.
Места на кои не смеете да ставите елка според фенг шуи
• Во ходникот или просторијата каде што може да го блокира преминот
• Во областа каде што ќе го попречува протокот на енергијата „чи“
• Премногу блиску до изворот на топлина или каминот, каде што може да предизвика пожар или побрзо да се исуши ако е природна.
Декорација на домот
За да постигнете позитивно расположение, генерално, користете многу темно зелена боја во новогодишната декорација на домот. Во домот е присутно прекумерно количество огнена енергија (запалени свеќи, сеприсутната црвена боја и украсно осветлување кое придонесува за кавги и нервоза), а темнозелената боја успешно ја впива.
Зимзелени гранчиња, венчиња, украси и зелени покривки за маса совршено ја балансираат енергијата на просторот.
Деновиве често се фотографираме себеси, па пожелно е да се има предвид дека фотографијата со тројца наредени во еден ред е крајно неповолна. Во случај семејството да се состои од три лица, тие треба да позираат во форма на триаголник, при што на горната позиција е поставена личноста која најмногу заработува.
За пријатна атмосфера, секојдневно палете ароматична светилка со масла од мандарина, портокал, лимон или цимет.