Функција за споделување локација на "Instagram"– најновиот трик на "Meta"

Точка

10/12/2024

14:46

3.488

Големина на фонт

а а а

Инстаграм најави нова функција за споделување локација, која ќе им овозможи на корисниците да ја споделат својата локација со поединци или групи.

Мета воведува уште два новитети: нови пакети со стикери и прекари во директни пораки.

Еден од највпечатливите новитети е функцијата за споделување локација, која има за цел да го олесни планирањето на средби директно преку "Instagram DM". Во официјален блог пост, "Meta" соопшти:

„Поминувајте повеќе време заедно и помалку време на координација".


За одржување на приватноста, локацијата може да се сподели поединечно преку порака или во групен разговор. Функцијата е стандардно исклучена, а локацијата во реално време е достапна само еден час. "Instagram" ќе прикаже и индикатор кој означува кога се споделува локација. "Meta" ги советува корисниците никогаш да не ја споделуваат својата локација со луѓе кои лично не ги познаваат, бидејќи тоа може да претставува безбедносен ризик.

Иако функцијата наликува на "Find My на Apple", има некои разлики. На пример, услугата на "Apple" овозможува постојано споделување локација, додека "Instagram" не. Во моментов, функцијата сè уште не е достапна за сите корисници ширум светот, но се очекува наскоро да биде вклучена во стабилната верзија на апликацијата.


Покрај споделувањето локација, "Instagram" воведува и нови стикери за пораки, како и можност за приспособување на прекари во различни разговори. Корисниците ќе можат да си доделуваат прекари, што ќе придонесе за персонализација на разговорите на платформата.

Инстаграм редовно воведува нови функции за поголема удобност за корисниците. Шансите се дека ќе видиме уште неколку дополнувања и промени на апликацијата пред крајот на годината.