2,2 милиони прегледи: Мајмун залутал на аеродром, луѓето воодушевени од љубезноста на вработената

Точка

06/12/2024

23:01

4.487

Големина на фонт

а а а

Урнебесно видео снимено на меѓународниот аеродром Чанги во Сингапур, каде љубопитен мајмун талка меѓу патниците, за кратко време стана вирално. За само три дена по објавувањето, беше прегледано 2,2 милиони пати.

„Сите заслужуваат годишен одмор“, се пошегува тиктокерот кој го објави видеото.

Луѓето беа воодушевени од љубезноста на вработената

Многу луѓе се смееја додека патниците лежерно минуваа покрај него без воопшто да го погледнат, додека вработената на аеродромот се трудеше учтиво да му покаже на бездомното животно каде е излезот. Повеќето од корисниците на "TikTok" го пофалија трпението и нежноста што вработената ги покажа во оваа необична ситуација.


@thesingaporeanson Monkey wants to check-in for his flight… #singapore ♬ original sound - The Singaporean Son


„Важно е да се биде љубезен и кон луѓето и со животните“, „Таа изгледа толку исплашено и толку љубезно во исто време. Прекрасна е“, „Оваа жена треба да добие покачување“, „Многу е слатко да ја гледаш колку е добра со животното“, гласеа дел од коментарите.

„Мајмунот ја бараше исчезнатата банана“

Имаше и такви кои мајмунот ги потсети на едно неодамнешно уметничко дело кое се најде во центарот на вниманието – банана закачена на ѕид со селотејп , која кинескиот тајкун Џастин Сан ја купи за 6,2 милиони долари, а потоа ја изеде. „Веројатно ја бараше бананата вредна 6 милиони долари“, се пошегува еден корисник на "TikTok".