Организацијата за европска безбедност и соработка денеска го избра поранешниот турски амбасадор во ОН и поранешен турски министер за надворешни работи Феридун Синирлиоглу за нов генерален секретар, соопшти турски дипломатски извор.
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ОБСЕ се состанаа оваа недела во Малта и се согласија Синирлиоглу да биде новиот генерален секретар, рече изворот, со што тој стана првиот Турчин кој ја презеде улогата во 50-те години на Генералниот секретаријат на ОБСЕ, пренесе Ројтерс.
Тригодишниот мандат на Синирлиоглу беше одобрен од сите 57 земји-членки, рече изворот, што значи дека не му се спротивставиле историските ривали на Турција, Грција, Кипар и Ерменија, наведува агенцијата.