Георгина Родригез блесна во тесниот фустан, и повторно се потруди гордо да ги истакне своите раскошни облини по кои е позната, а на кои не можеше да им одолее ниту Кристијано Роналдо.
Манекенката, инфлуенсерка и партнерка на Кристијано Роналдо, атрактивната Георгина Родригез блесна на црвениот килим на филмскиот фестивал „Red Sea International“.
Инаку таа буквално блескаше, бидејќи носеше проѕирен фустан со циркони од брендот „Alaïa“.
Оваа импресивна креација која ги истакна нејзините адути ја комплетираше со скапоцен накит односно дијамантските обетки, а беше и особено расположена за давање автограми.
Овој блескав фустан го комбинираше со сандали во беж боја, а се одлучи и за елегантна но едноставна фризура. Исто како фризурата и шминката беше едноставна и лесна со благи тонови, а елегантниот стајлинг го заокружи со црвениот лак на ноктите.