[ФОТО] Ќерката на Клинт Иствуд фотографирана на улица: Падна, па мораа да ја креваат

Точка

06/12/2024

13:09

4.146

Големина на фонт

а а а

Франческа Иствуд, ќерката на познатите Клинт Иствуд и Френсис Фишер, беше фотографирана додека се забавувала со пријателка во Шато Мармонт во Лос Анџелес.

Папараците ја фотографирале 31-годишната Франческа додека била во ноќно излегување, а додека одела кон автомобилот паднала на улицата, по што пријателката морала да ѝ помогне за да стане.





Претходно беше уапсена поради семејно насилство

Потсетуваме, ќерката на актерските легенди беше уапсена на 12 октомври поради семејно насилство. Имено таа се скарала со своето момче додека возела во Беверли Хилс, а расправијата наводно прераснала во физичка пресметка.


Таа беше приведена и пуштена со кауција од 50.000 долари. Пред неколку дена беше објавено дека обвинението за семејно насилство против неа е отфрлено бидејќи немало доволно докази.

Франческа е во врска со актерот Александар Врејт, но не е јасно дали и на каков начин тој бил вмешан во инцидентот, а двојката го има шестгодишниот син Титан.