Австралиската инфлуенсерка и блогерка за патувања Лилијан Таљари неодамна ги посети Малдивите каде нуркаше со група од 50 ајкули („nurse sharks“), кои не се опасни и ретко ги напаѓаат луѓето.
Меѓутоа една од нив ја гризна за десната нога додека таа опуштено пливаше. Нападот го сними нејзиниот сопруг Метју, а Лилијан го објави видеото на Инстаграм.
„Знам дека веројатно ќе ме мразите поради ова видео. Да, пливам со ајкули. Да, сакам да се фотографирам со ајкули. Да, знам дека сум во нивното живеалиште. Затоа нема да се жалам. Тоа беше само мала незгода која ми остави слатки лузни, а каснувањето е повеќе како вшмукување“, напиша Лилијан заедно со „Мојот прв бакнеж со ајкула“.
Под нејзиното видео имаше многу коментари, а многумина се пошегуваа на сметка на гризнувањето.
„Ова беше само потсетник дека ти не си газдата“, „Што и да велиш, ќе имаш гадна лузна“, „Веројатно не си ѝ била вкусна на ајкулата, па затоа се откажала“, „Кога природата ти дава до знаење дека не си главниот лик“, „Мислев дека ќе полудат кога ќе намирисаат крв“, „Можеше да бидеш нивен десерт, но за среќа не им се допаѓаш“, коментираа корисниците на социјалните мрежи.