Според пишувањата на „Киев Пост“, лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров наводно му понудил пиштол на украинскиот, воен заробеник за да изврши самоубиство.
Сојузникот на Путин од Чеченија изјави дека сака украинските заробеници да се употребуваат како жив штит. Тој претседателот Зеленски го нарече „јарец-ѓавол“ и кажа дека украинските заробеници изгледаат како да живеат во одморалиште.
Рамзан Кадиров, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и шеф на Чеченија, рускиот немирен кавкаски регион, разговараше со украинските воени заробеници на состаноците за кои широко се известуваше во медиумите контролирани од државата.
На еден од нив, според Киев Пост, тој наводно му го понудил својот пиштол на украинскиот затвореник за тој да може да се самоубие.
Таа снимка беше емитувана од руската државна новинска агенција ТАСС, локалните медиумски платформи во Чеченија, како и личниот Телеграм канал на Кадиров.
На снимките, кои за прв пат беа емитувани на чеченскиот регионален канал во средата навечер, а кои ги објави и независниот информативен канал „SOTA“, Кадиров се појави во живо на телевизија со 12 украински воени заробеници.
Во разговор со украински војник, Кадиров го обвини за кукавичлук и му предложи да умре.
„Веднаш ќе ти дадам пиштол и можеш да пукаш во себе. Сакаш ли? Војна е, луѓето гинат. Отиде да убиваш луѓе“, рече Кадиров.
„Ќе ти дадам пиштол, можеш да се застрелаш, можеш да умреш како херој. Не? Не сакаш? Видете, овој човек сака да убива луѓе, но не сака да умре. Така не функционираат работите. Во војна луѓето убиваат и бидуваат убиени“ додаде Кадиров.
Додека војникот не можеше да се види на снимката, а зборуваше на руски.
На снимката објавена претходно истиот ден, се гледа крупниот Кадиров како се насмевнува додека ја предводи групата украински заробеници за заедно да скандираат: „Русија“ во текот на состанокот во затворот во Грозни.
Затворениците носеле делови од воени униформи и тренерки. Со прегледување на видеоснимката, Киев Пост идентификуваше најмалку 60 мажи на видеото кои беа прикажани како затвореници. Во видеото беа видливи и креаторите на содржината на Кадиров и како и неговите телохранители.