Сабрина Карпентер раскина со познатиот актер: Не стивнуваат гласините дека ја изневерил со оваа селебрити девојка

Точка

05/12/2024

12:11

3.429

Големина на фонт

а а а

Пејачката Сабрина Карпентер (25) и познатиот актер Бери Кеоган (32) раскинаа по една година врска, објави магазинот „Пипл“.

Според информациите, извор близок на парот ја открил причината за паузата, велејќи дека и двајцата се млади и фокусирани на кариерата, па одлучиле да ја прекинат врската..

Оваа вест предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а голем број обожаватели не го криеја разочарувањето за крајот од нивната романса.

„Срцето ми е скршено“, „Ова е тажно да се слуша“, „Ова не го очекував“, напишаа фановите на Икс.

Бери бил неверен?

Неколку од нив истакнаа дека и двајцата можат да најдат подобри партнери, а други веќе го очекуваат албумот на Сабрина на тема скршено срце. Сепак, многумина шпекулираат дека сето тоа е предизвикано од неверството на Бери.


Имено, на интернет веќе некое време кружат гласини дека Кеоган ја изневерувал Сабрина со „русокоса девојка, мошне популарна инфлуенсерка од ЛА“. Некои шпекулираат дека тоа е тиктокерката Бреки Хил, која сподели неколку видеа на тема раскинувањето на Сабрина и Бери.


Глумел во нејзиниот спот

За врската помеѓу пејачот и актерот првпат почна да се шпекулира во декември 2023 година. Тие се запознаа малку порано на модна ревија во Париз, а Бери беше и главната ѕвезда на спотот на Сабрина за песната „Please please please“, во која таа го моли своето момче да не ја разочара.

Тие не ја криеја својата врска од јавноста, а првите гласини за проблеми започнаа во август оваа година кога извор близок на парот изјави дека тие „често раскинуваат“. Некои сметаат дека причината за конечното раскинување била разликата во годините.

Бери Кеоган пред Сабрина бил во врска со Шона Герин од 2017 до 2020 година. Тој бил и со Алисон Киеранс, со која добил и дете, од 2021 до 2023 година. Сабрина претходно била во врска со уште еден актер Џошуа Басет.