Се ближи ли одмаздата на Трамп: Основачот на социјалната мрежа поради страв планира да ги напушти САД, овој потег бил кобен за него?

Макфакс

04/12/2024

19:19

1.481

Големина на фонт

а а а

Тој смета дека Трамп би можел да го искористи своето политичко влијание за да се справи со оние кои ја финансирале Демократската партија.

За време на предизборната кампања во САД, повеќето од шефовите на технолошките компании не сакаа јавно да ги кажат своите преференции за кого ќе гласаат. Не сакаа јавно да бираат страна за да избегнат непријатна ситуација во случај да победи кандидат за кој не изразиле јавна поддршка, а секогаш постои стравот дека со текот на времето нивните компании можат да имаат некакви последици.

Кој застанал на вистинската страна, односно го избрал вистинскиот кандидат, профитирал, како што можеме да видиме на примерот на Илон Маск. За жал, ко-основачот на "LinkedIn", Рид Хофман, немаше толку среќа, а за време на изборната кампања отворено и даде поддршка на Камала Харис.


Како што наближува денот кога Трамп повторно ќе седне во фотелјата на најмоќниот човек во САД, Хофман размислува и како да постапи и им се доверил на пријателите дека можеби дури и ќе ги напушти САД и ќе го продолжи животот во друга земја.

Имено, тој се плаши дека новиот американски претседател кога ќе ја преземе функцијата би можел да им се одмазди на своите политички непријатели, а Хофман смета дека неговото име се наоѓа на тој список.


Имено, покрај финансирањето на Демократската партија, Хофман помогна и во финансирањето на тужбата на новинарот Е. Џин Керол против Трамп, па јасно е дека ко-основачот на "LinkedIn" не е баш добредојден гостин во друштво на американскиот претседател.

Интересно е тоа што Хофман не е единствениот донатор на Демократската партија кој размислува да ја напушти Америка. Според последните информации објавени од "NY Post", многу повеќе луѓе кои ја финансирале претседателската кампања на Камала размислуваат за тоа.


По победата на Трамп, група големи донатори на Демократската партија се собраа во Вашингтон, а според луѓето кои беа присутни на тој собир, расположението било како на погреб: луѓето биле во шок и се обидувале да разберат што се случило.

Друг познат донатор на Демократската партија е и првиот човек на "OpenAI". Сам Алтман наводно е „прилично загрижен“ за победата на Трамп и веројатно му e тешко што Илон Маск, со кого не е во најдобри односи, e приврзан за новиот претседател. Потсетуваме, Маск поднесе тужба против Алтман бидејќи смета дека "OpenAI" ја предале првобитната мисија и се свртеле кон профит.