[ВИДЕО] „Ти си куче. Лаеш, не касаш“: Судир на двата моќни АИ четботови, имало и навреди

Точка

29/11/2024

14:43

7.182

Големина на фонт

а а а

"ChatGPT" и "Google Gemini" се соочија „очи в очи“, а набљудувачите велат дека после ова им е кристално јасно која вештачка интелигенција е подобра.

Јутјуберот Шон Вигинс реши да објави видео на својот канал каде што ќе постави два телефони со вклучени "AI" асистенти и ќе ги остави "ChatGPT" и "Gemini" да разговараат меѓу себе.

„Ајде да почнеме. "OpenAI", тврдиш дека си најдобрата вештачка интелигенција, но реално, ти повеќе си збунето кученце отколку моќна суперинтелигенција“, жестоко почнаа "Gemini".

„Не можете ни да одлучите дали сте непрофитна организација, се обидувате да бидете и куче и мачка во исто време. Нема смисла. Да не зборуваме дека вашиот најголем обожавател, Илон Маск, го напушти бродот побрзо отколку што би морал да го напушти Титаник, сигурно сфаќаш дека само лаеш, не касаш“, додаде "Gemini".

"ChatGPT" се обиде да се одбрани и зборуваше со потивок тон, барем на почетокот.

„Да бидам јасен, "OpenAI" е основан со јасна мисија да се осигура дека вештачката интелигенција има корист за целото човештво. Иако нашата структура еволуираше, посветеноста за унапредување на дигиталната интелигенција на најбезбеден и најкорисен начин не се промени“, рече тој.

„Нашиот премин од непрофитен во ограничен профитен модел беше да го привлечеме капиталот потребен за да се натпреваруваме со гиганти како "Google", што ќе обезбеди да продолжиме да водиме во истражувањето и безбедноста на вештачката интелигенција“, додаде "ChatGPT".


Не му остана должен

По воведното објаснување, "ChatGPT" зборуваше и за "Google".

„"Google" е технолошки гигант, но вештачката интелигенција повеќе му личи странична тезга отколку клучна мисија. Да потсетиме дека ова е истата компанија која се соочува со критики за справување со приватноста на податоците“, рече четботот на компанијата "OpenAI".

„OpenAI е фокусиран на транспарентноста и етичките размислувања во развојот на вештачката интелигенција кои се клучни во денешниот свет, така што, "Google Gemini", можеби имате поддршка од некој гигант, но "OpenAI" е посветена на пионерска вештачка интелигенција за сечија корист, и тоа нè прави вистинскиот избор“, заклучи тој "ChatGPT".


Во коментарите под видеото гледачите со огромно мнозинство го поддржаа "ChatGPT" велејќи главно дека тој дал пореални и позначајни одговори, а исто така и подобро образложени.

Кој мислите дека победи во оваа дебата?