Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера пристигна во посета на Украина, а она што изненади многумина е тоа што не ја држеше актовката по која се препознава, туку голем метален куфер.
Во 7 часот и 26 минути возот во кој се наоѓал Шолц влегол во станицата. Во текот на предизборната кампања, Шолц неколку пати беше исмеан во медиумите поради истрошената црна актовка која ја носеше насекаде со себе.
Кога го виделе со нов, голем куфер, почнале да кружат теории за тоа што има во споменатиот рачен багаж на претседателот, од кој е неразделен.
Bundeskanzler Scholz gewährt einen seltenen Einblick in seine mit Ideen für #Deutschland prall gefüllte Aktentasche. #kult pic.twitter.com/df9azYl5qi
— Arno Bauermeister (@raisedadust) July 28, 2023
Некои медиуми објавија дека Шолц најверојатно сакал да отпатува за Киев со што е можно помалку багаж и веројатно затоа ја заборавил актовката.
Наместо тоа, тој спакувал облека и тоалети во својот куфер. Она што на сите им беше чудно е тоа што германскиот канцелар сам го носеше куферот, наместо некој од неговото обезбедување.
Сепак, ова не е ништо чудно за Шолц, бидејќи тој е навикнат да носи свои работи на службени патувања.
Наводно не сака другите да му ги допираат работите и често го прекршува дипломатскиот протокол кој не дозволува такво нешто.