[ВИДЕО] Од ваква хотелска сметка и вас би ве здоболело глава: Луѓето во неверување колку ѝ наплатиле на оваа девојка, причината е бизарна

Точка

03/12/2024

15:13

1.357

Големина на фонт

а а а

Џоселин Харпер тврди дека нејзината соба во познат американски хотел ѝ ја наплатиле трипати повеќе поради бизарна причина. Таа ја претстави својата верзија на настаните преку видеo на ТикТок, каде што е многу активна, пренесува „Њузвик“.

Имено, сè започнало кога Џоселин решила да го помине одморот во Лас Вегас. Таа престојувала во познат хотел, каде една ноќ се наплаќа околу 200 долари, а кога сакала да ја плати сметката следниот ден останала без зборови.

„Сметката вклучуваше и такса за пушење во собата, над 500 долари. Не сум пушач, ниту бев во собата кога тоа наводно се случило“, тврди таа.

Споменатиот хотел има правило според кое на гостите им наплаќа за дополнително чистење, во случај да пушат во собата. Тие ѝ објасниле на гостинката дека детекторите во просторијата „снимиле палење на тутун“, по што таксата автоматски се пресметувала.


„Бев прилично вознемирена, бидејќи 700 долари се многу пари. Направив мало истражување и открив дека не сум единствената што се пожалила на истиот проблем во хотелот. Ги контактирав, им објаснив се и тие ја прифатија мојата жалба. Ќе добијам рефундирање“, објасни Џоселин.

Таа додава дека добила и извинување од генералниот директор на хотелот, како и од нивниот претставник за медиумите. И токму кога помисливте дека приказната е завршена, се огласил Џек О’Тул директорот на компанијата која произведува детектори за чад.

„Несомнено се пушело во хотелската соба. Уредот ‘ФрешЕР 2.0’ користи софистициран сензор способен да детектира молекули на тутун и марихуана во воздухот. Има и дополнителна технологија која е 100 проценти сигурна“, рекол тој.


Директорот тврди дека сензорот го снимил времето кога се запалила цигарата. Сепак, Џоселин негира дека во тој момент била во собата.

„Ми се јавија претставници на хотелот и ми се извинија за грешката што ја направи детекторот. Никогаш не добив извештај дека сум ја активирала бравата, односно дека сум влегла во просторијата во моментот кога наводно се случило пушењето“, заклучува таа.