[ФОТО] Базен, кино, луксузна кујна: Можат да преживеат со години, а да не излезат на површината – Како изгледаат атомските засолништа на богатите низ светот

Точка

02/12/2024

12:39

9.885

Големина на фонт

а а а

Со растечкиот страв од нуклеарна војна, богатите ширум светот сè повеќе вложуваат во луксузните подземни бункери. Овие објекти, покрај тоа што нудат безбедност, обезбедуваат и неверојатен комфор, вклучувајќи кина, базени и приватни апартмани.

Во САД, домот на „движењето за подготовка“, богатите користат напуштени воени објекти за да градат засолништа.



Еден од нив е „Survival Condo“ во Канзас, сместен во стар ракетен силос од Студената војна. Бункерот има 15 подземни ката и нуди станови кои чинат од 1,5 милиони долари за нешто помалку од 90 квадратни метри до 4,5 милиони за луксузен дуплекс. Објектот има кино, базен, медицински центар и систем за одгледување храна.




Во Јужна Дакота, комплексот „Vivos xPoint“ содржи 575 поранешни воени бункери, опремен како мал град со кина, училишта и градини. Цената на приспособувањето на внатрешноста на бункерот се движи помеѓу 25.000 и 200.000 долари.



Швајцарија е позната по својот систем на засолништа, кој гарантира место за секој граѓанин. За богатите, компанијата „Oppidum“ нуди приватни луксузни бункери опремени со уметнички галерии, спа центри и подземни гаражи. Новиот модел „L’Heritage“ нуди и комори за декомпресија и складишта за злато и скапоцености.



Бункери во Германија

Комплексот „Vivos Europa One“ во Германија, изграден на поранешна воена база, е еден од најбезбедните бункери во светот. Тие нудат приватни станови од нешто помалку од 250 квадратни метри, кои сопствениците можат да ги приспособат по желба, вклучувајќи базени и кина. Бункерот може да издржи нуклеарни експлозии, земјотреси и биолошки напади.


Нов Зеланд: Бегство за американските милијардери

Нов Зеланд е популарна дестинација за американската елита која бара засолниште. На компанијата „Rising S“ и4 беа нарачани 14 луксузни бункери во оваа земја, а нивните модели вклучуваат базени, куглани и други удобности.



Инаку Милијардерот и коосновач на „PayPal“, Питер Тил, се обидел да го изгради својот бункер во близина на езерото Ванака, но плановите биле прекинати поради еколошки причини.