Гатузо им дозволи на играчите да пијат алкохол, Ракитиќ го украл шоуто во раните утрински часови

Дерби

02/12/2024

11:58

1.197

Големина на фонт

а а а

Хајдук оствари нова голема победа над Динамо во вечното хрватско дерби и отиде на плус седум на првенствената табела, епилог кој направи да видиме славеничко расположение на „Пољуд“.

Џенаро Гатузо приреди шоу по последниот судиски свиреж и на интересен начин ја прослави победата од 1:0, но истовремено најави дека поради големиот триумф, играчите имаат дозвола да слават до раните утрински часови со алкохол.

Во таква ситуација, на тимската прослава шоуто го украл искусниот Иван Ракитиќ, кој според приложените видеа, завршил без маица додека ја пеел песната „шути мој дјечаче плави“.

Некогашната ѕвезда на Барселона самиот порача дека ќе се слави триумфот со неколку пива, но за разлика од играчите, Гатузо кој има забрана за пиење алкохол, им откри на новинарите дека ќе прослави заедно со сопругата која ќе му направи пица.

– Ќе прослава со добра пица која ќе ми ја направи мојата сопруга. Не пијам алкохол речиси четири години поради здравствената состојба и таблетите кои ги пијам. Сепак, моите играчи имаат дозвола за пиење, тие ќе надокнадат за мене, – изјави Гатузо.