Анчелоти ја подмлади бразилската репрезентација и ја исправи големата мундијалска грешка

Дерби

10/09/2026

12:00

376

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти не успеа да го одведе Бразил до завршницата на последното светско првенство, но однапред беше јасно дека тој ќе ја води репрезентацијата и во следниот квалификациски циклус.

Италијанскиот стручњак веќе отвори нова ера во националниот тим и тоа со првиот список соопштен во пресрет на настапите на националниот тим кон крајот на месецот.

Првиот постмундијалски избор на Анчелоти подразбира чистка на дел од ветераните, но и целосно исправно испратен повик до Жоао Педро.

Напаѓачот на Челси извиси за светското првенство поради притисокот кон Анчелоти за повикувањето на Нејмар, но искусниот Карло веројатно веќе нема да ја повтори таа грешка. Во составот е и Естевао, кој го пропушти СП 2026 поради повреда, а повикан е и Ендрик, кој во моментов е во фаза на враќање на формата по паузата поради повреда.

Од фудбалерите кои претходно беа во комбинација, а веќе нема да бидат во националниот тим, може да се споменат искусни играчи како Нејмар, Алисон, Касемиро и Данило.