Рубен Аморим сведочеше на најдоброто издание на Манчестер Јунајтед откако го презема првиот тим, но во ситуација кога „ѓаволите“ веќе ја осигураа победата, португалскиот стручњак доби и две лоши вести.
Јунајтед на фуриозен начин го заврши првото полувреме со два гола во мрежата на Евертон, го отвори вториот дел со уште еден зад грбот на Пикфорд, но набрзо по реализацијата на Рашфорд, следеа два жолти картони во период од 120 секунди.
Лисандро Мартинез и Коби Маино добија непотребни жолти картони при сигурна предност од 3:0, а со тоа самите се прецртаа за големото дерби кое следи во Премиер лигата.
Уште пред натпреварот со Евертон, добро се знаеше дека двајцата се под закана за суспензија, а добиените жолти картони значат дека нема да можат да му помогнат на Аморим на натпреварот кој се игра во среда.
Менаџерот на Јунајтед ќе мора да наоѓа солуции за отсуството на двајцата стартери, па останува да се види кои ќе бидат негови решенија за два дена на „Емирејтс“.