[ФОТО/ВИДЕО] Оваа Русинка шокира со својот изглед и вели: „Мажите не можат да се носат со мојата големина“

Точка

29/11/2024

19:52

3.204

Големина на фонт

а а а

Руската бодибилдерка Наталија Кузњецова стана вистински хит на социјалните мрежи. Имено, поради нејзините мускули Наталија ја нарекуваат „амазонска воинка“ и движечка планина од „женски мускули“.

Своето мускулесто тело, кое ретко се гледа кај жените, Наталија често го покажува на Инстаграм, а поради тоа има многу машки обожаватели.

Неа на Инстаграм ја следат повеќе од 1,2 милиони луѓе кои секојдневно уживаат во нејзините предизвикувачки фотографии и видеа од тренинзите.


Секоја нејзина објава изобилува со коментари од мажи, но и од жени, а сите, може да се каже, се опседнати со нејзиниот мускулест изглед.

„Изгледаш подобро секој ден“, „Нелегално е да изгледаш толку добро“, „Неверојатна си“, се само дел од коментарите под нејзините последни објави.

Зад нејзината импресивна фигура се кријат години и години работа и труд.


Наталија, која може да се пофали со бицепс од 49 сантиметри, својата фигура ја гради речиси две децении.

„Почнав да тренирам на 14 години. На 16 години веќе бев шампион во регионот во бодибилдинг и „powerlifting“. Тоа стана мојот животен стил. Да се има силно тело е добро, тоа е сосема поинаков квалитет на животот“ изјави таа за „What‘ with The Jam“.


Наталија кажа дека најмногу добива само позитивни реакции од другите луѓе, а особено во реалниот живот.

Но, сепак вели дека не сите реакции се позитивни. Таа раскажа дека понекогаш се соочува со негативни коментари, особено од мажи, кои „не можат да се носат со нејзината големина“, и додаде дека таквите коментари не влијаат врз неа.


„Имам многу следбеници, па така тие ќе ме препознаат каде и да одам. Навикната сум на тоа, така што не посветувам премногу внимание на негативните коментари. Исто така многу жени ми приоѓаат и сакаат да разговараат со мене. Не мора на секој да му се допадне, и тоа е во ред“, изјави Наталија и додаде дека никогаш не се соочила со негативни коментари надвор од социјалните мрежи.


Инаку Наталија, која по потекло е од Сибир, сега живее во Црна Гора со сопругот Владислав.



Спонзорирани линкови

Маркетинг