Принцот Луис има хоби што е „кошмар“ за секој родител: Еве како принцот Вилијам се справува со тоа

Точка

28/11/2024

22:06

888

Големина на фонт

а а а

Малиот принц Луис е големата ѕвезда во британското кралското семејство. Секогаш го привлекува вниманието со своето симпатично палаво однесување, а сега открил и како да го привлече вниманието на родителите со ново хоби.

Имено, на шестгодишна возраст, принцот Џорџ почнал да учи да свири гитара, а сега на истата возраст, и неговиот помлад брат Луис почнал да се занимава со музички инструмент. Но, за жал на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, изборот паднал на – тапани.

Најмладиот син на принцот и принцезата од Велс неодамна го откри овој инструмент, кој е вистински „кошмар“ за секој родител и домаќинство, особено кога „палките“ се во рацете на шестгодишно дете.


За сè проговори идниот британски крал, кој на доделувањето на наградите Туск во разговор со Рони Вуд од „Ролинг стоунс“ и гитаристот Марк Нопфлер открил кој е омилениот инструмент на најмалиот син, пренесува „Дејли мејл“.

„Мојот најмлад син учи да свири на тапани. Затоа сега го поминувам целиот мој живот со прстите во уши“, рекол принцот Вилијам во свој комичен стил, не криејќи колку „страдања“ му предизвикува ова хоби.

А, добро е познато дека малиот Луис ја сака музиката, особено откако на настанот „Ертшот“ минатата година Вилијам им откри на членовите на групата „Уан рипаблик“ дека неговиот син е голем обожавател на нивните песни.


Покрај овој интерес, Луис уште на рана возраст се покажал како талентиран спортист. Во април, принцот од Велс откри дека братот на принцот Џорџ и принцезата Шарлот сака да игра крикет, а Кејт Мидлтон зборуваше за неговата љубов кон рагбито.



Спонзорирани линкови

Маркетинг