Милан потешко од очекувањата го совлада Слован Братислава (3-2) во Лигата на шампионите во меч во кој играч на натпреварот беше Рафаел Леао иако играше само во второто полувреме.
Португалецот направи разлика, постигна и погодок, а по натпреварот испрати и јасна порака дека не му се допаѓа што е резервист и добива шанса од клупата, меѓутоа ако е тоа за доброто на тимот е подготвен да помогне.
- Се е решено. Фонсека знае дека не сакам да седам на клупата, но ако одлучи поинаку, јас сум секогаш подготвен за мојот тим. Среќен сум, тренерот врши добра работа и сакаме уште повеќе да ги разбереме неговите идеи. Резултатите ќе дојдат со текот на времето, - истакна Леао.
Свој збор на темата имаше и тренерот Пауло Фонсека.
- Секогаш разговарам со Рафа, тој знае зошто не играше денес. Разбра, а кога влезе беше одлучувачки играч. Мислам дека тоа е она што сите го сакаме. Среќен сум. Дури и кога е на клупата, тој секогаш сака да му помогне на тимот и тоа е навистина позитивно, - порача Фонсека.