Ова е јасен пример за неизвесното патување на децата од нивната татковина и пример за тоа како криминалните организации ги шверцуваат овие деца преку јужната граница понатаму во внатрешноста, напиша портпаролот на Одделот за јавна безбедност на Тексас.
Двегодишно девојче од Ел Салвадор е снимено на границата во округот Маверик, Тексас, како само на границата со САД држи лист хартија со име и телефонски број, а на полицијата и рекло дека ги бара своите родители, пишува "Daily Mail". Девојчето на полицијата и кажало дека нејзините родители се во САД.
Снимката од камерата на телото ја сподели портпаролот на Одделот за јавна безбедност на Тексас, поручник Крис Оливарез.
A two-year-old girl from El Salvador, traveling alone, crossed into the U.S. through the Biden-Harris open border policy.
— Rose Renner (@RoseRenner50) November 25, 2024
Clutching only a piece of paper with her name and a phone number, she explained her journey without her parents. pic.twitter.com/XuE3TWj7r8
„Ова е јасен пример за неизвесното патување на децата од нивната татковина и пример како криминалните организации ги шверцуваат овие деца преку јужната граница понатаму во внатрешноста“, напиша Оливарез со видеото.
„Без разлика на политичките ставови, неприфатливо е секое дете да биде изложено на опасни криминални мрежи за трговија со луѓе. Со рекорден број деца без придружба и стотици илјади исчезнати, никој не може да ја осигура безбедноста на овие деца. И покрај бројните критики, реалноста е дека многу деца се експлоатирани и тргувани и за нив никогаш повеќе нема да се слушне – додаде тој.