Раде Трајковски Штекли на својот Инстаграм профил објави оглас за вработување на лично обезбедување.
Според тоа што го напиша на своето „стори“, тој бара четворица обезбедувачи кои мора да имаат воено или полициско искуство и да поседуваат дозвола за оружје. За работата, наведува тој, ќе им плати 3.000 евра и дополнително трошоци за јадење и за пат.
„Почитувани, барам професионално обезбедување за мене. Потребни се четворица, морално воено или полициско искуство, да поседува дозвола за оружје, плата 3.000 евра (и покриено трошоци за јадење и пат). може од секоја етничка припадност и пол“, се вели во неговата објава.
За потсетување, досега имаше три обиди за ликвидирање на Штекли. Два пати беше пукан во трговскиот центар Ист Гејт, додека последниот пат имаше експлозија пред неговиот дом.