Петкоска: Ќе се формира претпријатие за регионална депонија во Новаци, што ќе донесе решение и за Буково

Макфакс

25/11/2024

18:27

178

Големина на фонт

а а а

Ве информирам дека задутре во советот на Општина Новаци е закажана седница на која ќе се формира Претпријатие за регионална депонија и врз основа на таа одлука сите општини ќе може да си партиципираат за овој проект. Имаме посветена Влада, имаме одговорен градоначалник кој кажа дека депонијата ќе се огради, ќе се осветли, ќе се постави видео надзор и ќе се покрие со 4 илјади кубици земја. Владата е сериозна, веќе е откочен проектот и фаза по фаза ќе се реши проблемот со депонијата Буково“, истакна на денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, пратничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска.

Покрај ова, таа истакна и дека претходната власт нема ништо направено во однос на регионалната депонија во Буково, и дека сето што е ветено од нив останува неисполнето и покрај тоа што биле обезбедени средства, па така проблемот го наследила сегашната власт која успешно се справува со сето тоа.

„Поранешната министерка за животна средина вети дека до 2024 година оваа регионална депонија ќе биде отворена. Но како што велат, каде што СДС ветува појдете со мала торбичка, па ова ветување остана во наследство на владата предвидена од ВМРО-ДПМНЕ, која пак за разлика од претходната влада, во рекорден рок од само три месеци, успеа да го откочи проектот. Значи при обезбедени средства од Светска банка не се направи ништо од ветеното“, рече Петкоска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг