Перез: Новиот формат на ЛШ покажа дека УЕФА не мисли на фановите!

Дерби

24/11/2024

17:42

249

Големина на фонт

а а а

Флорентино Перез денеска имаше долго обраќање пред своите блиски соработници во Реал Мадрид, а за време на годишното собрание во „кралскиот клуб“, претседателот самиот започнал низа теми кои го засегаат веќе подолго време.

Покрај изнесениот став за доделената „Златна топка“, Перез не пропуштил да стави акцент и на својот долгогодишен проект кој се уште не е реализиран, како и да искаже незадоволство од правецот во кој УЕФА го води фудбалот веќе некое време.


– Новиот формат во Лигата на шампионите ни го покажа тоа што го претпоставуваме. Новата Лига на шампиони не е солуција за нашите проблеми. УЕФА не мисли на фановите, го зголеми бројот на натпревари, но сега секој меч во ЛШ вреди помалку од порано. Ова нивно натпреварување ќе ја разбуди страста кај фановите само на крајот од сезоната, а не уште од самиот старт. Ќе биде интересно само во нокаут фазата.

– Новиот формат во Лигата на шампионите не е фер и никој не го сфаќа. Поради тоа што има повеќе натпревари, секој следен меч вреди 30 процени помалку од порано. Има повеќе натпревари, но фудбалот вреди помалку.

– Затоа сум уште поголем оптимист за Суперлигата. Европскиот суд донесе историска одлука во наша корист, завршено е со монополот на УЕФА. Горди сме што се уште се бориме за Суперлига, компанијата „А22“ и натаму го води проектот и зборува со клубовите. Се работи на идејата, истата не е згасната и сигурен сум дека ќе се избориме да ја спроведеме на дело, – посочува Перез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг