Потопот на „Итихад“ со резултат 0:4 дефинитивно нема позитивно да влијае на кризата која сега и дефинитивно е очигледна, па иако Шпанецот по мечот ги смируваше страстите и се обиде да остане прибран, Кајл Вокер како еден од капитените го вклучи алармот.
Десниот бек на Сити нагласи дека тој и соиграчите ќе мора да се ресетираат и позитивно да одговорат на следниот натпревар во Премиер лигата, односно гостувањето кај директниот ривал за титулата, Ливерпул.
– Според мене, добра вест за нас е што следниот меч во Премиер лигата е против Ливерпул. Тоа е добра шанса да зграбиме три бода против тим кој е пред нас на табелата.
– Но, кога ќе одиме таму, не смееме да си дозволиме перформанси како овие против Тотенхем. Ако играме вака, ќе не прегазат на „Енфилд“. Во меѓувреме имаме натпревар во Лигата на шампионите и истиот треба да го искористиме за најдобро да се подготвиме за дербито со Ливерпул, – изјави Вокер.