[ФОТО] Живототот продолжува: Еве што прави поранешната сопруга на Милан Калиниќ по разводот – Првпат во јавност по пропаѓањето на бракот

Точка

22/11/2024

21:02

1.298

Големина на фонт

а а а

Сандра Калиниќ која во екот на разводот со актерот и водител Милан Калиниќ го напуштила Белград и заминала на патување со пријателите се вратила во главниот град на Србија. Токму оваа информација предизвика голем интерес кај медиумите, а таа за прв пат била видена во јавноста.

Сандра го посетила Народниот театар каде уживаше во претставата, а оттаму објавата ја сподели на својот Инстаграм.

Пред тоа таа сподели неколку нови фотографии каде покажа како изгледа, и привлече голем број на следбеници на социјалните мрежи.


Инаку, како што пренесуваат медиумите, наводно неодамнешните сопружници ги потпишале документите за развод пред неколку месеци, иако сè уште чуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи.

„Џабе сè ако не си среќен“

Многу се шпекулираше за причините за разводот, а се шушкаше дека се работи за неверство. Сепак, тие зборуваа за тоа. Меѓутоа, она што е сигурно е дека секој си продолжил по својот пат, а судејќи по Инстаграм и двајцата по разводот патуваат и поминуваат време со пријателите.


„Сè е џабе ако не си среќен, а сè друго е помалку важно ако си. Среќна сум што ве имам. Најдоброто допрва доаѓа“, изјави неодамна Сандра под објава со своите пријатели.


Милан неодамна се појави во јавноста, а со него била нивната ќерка Теа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг