Судиите на Меѓународниот кривичен суд „ICC“ вчера издадоа налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како и на неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант и воениот командант на Хамас. Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото во текот на војната помеѓу Израел и Хамас.
Клучната личност зад издавањето на меѓународната потерница била Амал Клуни, сопругата на познатиот актер Џорџ Клуни и адвокатка за човекови права, која помогнала да се донесе одлуката на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд.
Амал на оваа задача работела уште од јуни и била ангажирана како специјален советник во истрагата на обвинителот на Меѓународниот суд.
Нејзиниот ангажман не им се допадна на властите во САД. Американскиот претседател Џо Бајден го прогласи барањето за шокантно и неслушнато и навести дека ќе бидат преземени санкции против сите кои учествувале во изработката на оваа потерница. Поради ова, на Амал ѝ се заканува кривично гонење и би можела да биде депортирана од САД.
Нејзиниот сопруг Џорџ Клуни преку високиот советник Стив Рикети му порача на Бајден дека Амал не се кае за своите постапки и дека нема намера да се повлече.