Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Макфакс

22/11/2024

14:38

894

Големина на фонт

а а а

Кина објави дека ќе го прошири безвизниот влез во уште девет земји, меѓу кои и Македонија, во обид да го поттикне туризмот и деловните патувања за да помогне во заживување на економијата.

Почнувајќи од 30 ноември, патниците од Северна Mакедонија, Бугарија, Романија, Малта, Хрватска, Црна Гора, Естонија, Латвија и Јапонија ќе можат да влезат во Кина до 30 дена без виза, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лин Џијан, јавува „АП“.


Со тоа, бројот на земји на кои им е одобрен безвизен пристап од минатата година ќе се искачи на 38.

Се чини дека додавањето на Јапонија ја одразува недамнешната подготвеност на Кина да ги подобри врските, кои делумно се влошија поради пожестоките разговори од Токио за тајванското прашање. Двете земји постигнаа договор во септември во нивниот спор околу испуштањето во морето на пречистената, но сепак радиоактивна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима.


За трите месеци од јули до септември оваа година, Кина забележала 8,2 милиони влезови од странци, од кои 4,9 милиони биле без визи, објави официјалната новинска агенција Ксинхуа, цитирајќи конзуларен претставник на Министерството за надворешни работи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг