Брачен пар купил куќа за време на пандемијата, а сега работниците ги откриле останките.
Мумифицирана мачка е пронајдена на покривот на куќа во селото Милтон Абас во Дорсет, Англија. Мишел и Деклан Кинин, кои ја купиле куќата од 1773 година за време на пандемијата на коронавирус, во понеделникот добиле повик од нивните работници кои ја пронашле мачката, пишува "BBC".
Mummified cat found in cottage's thatched roof https://t.co/guZPXuNOGB
— BBC News (UK) (@BBCNews) November 22, 2024
Куќата, која парот ја купил за пензија, има богата историја, а почнале да ја реновираат минатиот септември по тригодишно чекање за дозвола.
Откако направила одредено истражување и се консултирала со својот архитект, Мишел Кинин одлучила дека е најдобро да ја остави мачката таму каде што е пронајдена, бидејќи се верувало дека животните и предметите луѓето ги оставале на покривите на куќите за да ги одвратат злите духови и да донесат среќа.
„Со оглед на тоа дека куќата се наоѓа во близина на гробишта, верувам дека мачката била поставена на покривот за да го заштити домот од зли духови“, рекла таа.