На денешен ден, 22 ноември 1497 година, Васко де Гама отпловил околу ’Ртот на Добра надеж и докажал дека од Европа до Индија може да се стаса по морски пат.
Морската рута одамна била неостварена амбиција на Португалците бидејќи за разлика од тогашните постоечки копнени патишта ќе им овозможеше самостојно да тргуваат.
Уште десет години Португалците претходно пловеле околу ’Ртот на Добра надеж со Бартоломеу Диас, кој стигнал до источниот брег на Африка, но поради ужасните временски услови го видел ’ртот дури на враќањето назад. Тој го нарече ’Рт на бурите, а неговото име подоцна беше променето од кралот на Португалија за да не ги обесхрабрува морнарите на претстојната, редовна рута до Индија.
Васко де Гама исплови од пристаништето во Лисабон на 8 јули 1497 година со три едрени бродови, еден помал транспортен брод и 168 луѓе. Експедицијата до ’Ртот на Добра надеж заобиколувајќи го западниот брег на Африка, стасала во средина на ноември, и конечно го заобиколила по шест денови борба со временските услови, поради кои биле принудени да го остават транспортниот брод.
Подоцна со помош на локалните водичи стигнале до југозападниот брег на Индија во мај 1498 година, по десет и пол месеци. Во Португалија во септември 1498 година, се вратиле два бродови по дваесет и шест месеци пловење, со само 55 членови на екипажот.
Де Гама беше пречекан од воодушевените граѓани, а за своите заслуги ги доби највисоките почести и повеќе од пристојни годишни приходи од кралот Мануел I. Тој му ја раскажал авантурата на де Гама и на самиот папа, а себеси се нарекол „господар на освојувањата, пловидбата и трговијата со Етиопија, Арабија, Персија и Индија“.
Васко де Гама отиде на уште две експедиции во Индија. Во првата, 1502-1503 година, тој брутално и крваво го потврди португалското присуство во Индискиот Океан и трговскиот монопол во Индија, а во текот на втората експедиција во 1524 година, тој почина и тоа истата година кога беше назначен за поткрал на португалските поседи во Индија.