Светски ден на телевизијата: Занимливости за уредот кој го смени светот

Точка

21/11/2024

21:19

435

Големина на фонт

а а а

На денешен ден, 21 ноември, ширум светот се одбележува Светскиот ден на телевизијата, и тоа од 1996 година, кога ОН ја покренаа иницијативата за одбележување на овој датум.

Телевизијата отсекогаш била важна алатка за кревање на свеста за проблемите во заедниците и во светот – таа е медиум кој информира, поттикнува имагинација, љубопитност и учење.


Дали знаевте?

1.Телевизијата е резултат на работата на многу пронаоѓачи, но често се смета дека првите чекори кон нејзиното создавање се направени кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.


2. Пол Нипков, германски пронаоѓач, во 1884 година го патентирал „електричниот телескоп“ односно дискот на Нипков, кој овозможил пренос на слики со помош на ротирачки диск.

3. Подоцна клучни придонеси биле направени од Џон Логи Берд, кој во 1925 година го демонстрираше првиот работен телевизиски систем и Фило Фарнсворт, кој во 1927 година разви целосно електронски телевизиски систем.


4. Зборот „телевизија“ се користи од 1900 година, кога го измислил рускиот научник Константин Перски на Меѓународниот конгрес во Париз. Перски бил инспириран од тогашниот развојот на технологијата за пренос на слики и обидот да се создадат уреди кои ќе овозможат пренос на подвижни слики на далечина. Во Париз, тој го презентирал научниот труд во кој за прв пат го употребил зборот „телевизија“, кој настанал со спојување на грчките и латинските зборови: „теле“ (грчки: „Παληση“) – што значи „далеку“ и „visio“ (латински) – што значи „види“.

5. Првиот телевизиски пренос на Олимписките игри беше емитуван во 1936 година во Берлин. Емитувањето беше само локално достапно, а гледачите ги гледаа сликите преку специјални јавни уреди.


6. Првата ТВ реклама траеше 20 секунди и тоа во 1941 година за време на натпреварот помеѓу Бруклин Доџерс и Филаделфија Филис, промовирајќи часовник на компанијата „Bulova Corporation“. Инаку тогаш цените на рекламите биле поволни: 20 секунди ударно време чинеле околу 9 евра.

7. На претседателските избори во САД во 1960 година, кандидатите Џон Ф. Кенеди и Ричард Никсон за прв пат застанаа пред телевизиските камери и дебатираа во предизборното соочување.



8. Шеесеттите години на минатиот век ѝ донесоа голем напредок на телевизијата. Првиот телевизиски сателит беше лансиран во 1962 година, а во 1969 година повеќе од 600 милиони луѓе во живо го гледаа слетувањето на Месечината од нивните домови.

9. Првиот видео рекордер „(VCR“) го создаде компанијата Сони во 1970 година, а тоа овозможи за прв пат евтино да се снимаат телевизиските емисии.


10. Се проценува дека околу една милијарда луѓе го гледале настапот на Елвис Присли во живо од Хаваите, на 14 јануари 1973 година.

11. Веќе во 1981 година, Јапонија разви напредни „HD“ стандарди и стана технолошки лидер во развојот на телевизиската технологија.


12. Кралството Бутан беше последната земја која ја воведе телевизијата, во 1999 година. Одлуката беше дел од напорите за модернизација на владата на Бутан, која дотогаш силно го ограничуваше влијанието на надворешниот свет со цел да ја зачува својата традиционална култура. Воведувањето на телевизијата се случи на 2 јуни 1999 година, истиот ден кога земјата првпат доби пристап до интернет. Во Бутан, телевизијата се смета за историски чекор спрема отворањето кон светот, иако властите истовремено ја потенцираа потребата од зачувување на културниот идентитет.


13. Супер Боулот, финалето на американскиот фудбал е познат како најскап рекламен простор. Реклама од 30 секунди на Супер Боул во 2024 година чини околу 7 милиони долари, додека во 2023 година чинеше 6,5 милиони долари.

14. Просечен човек на возраст над 65 години има прегледано повеќе од 2 милиони телевизиски реклами во текот на својот живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг