[ФОТО] Вторпат оваа година: На плажа во Калифорнија е пронајдена „рибата на судниот ден“

Точка

20/11/2024

22:05

1.546

Големина на фонт

а а а

Една од најморничавите риби се појави на плажа во Калифорнија. Рибата-весло (oarfish) или „рибата на судниот ден“, како што многумина ја нарекуваат, е навистина ретка глетка, а ова е вторпат што се насукува на брегот во Калифорнија годинава.

„Минатата недела на плажата Грандвју во Енсинитас се насука уште една ‘риба на судниот ден’, забележана од океанографката Алисон Лафериер на океанографијата. Зедовме примероци и го замрзнавме примерокот, чекаме понатамошни истражувања. Како и со претходните риби, овој примерок и примероците ќе можат да ни кажат многу за биологијата, анатомијата, геномијата и историјата на животот на овој вид“, се вели во соопштението на Институтот за океанографија.


„Тоа може да има врска со промените во условите на океаните и зголемениот број на овој вид риба во близина на нашиот брег. Понекогаш може да се поврзе со пошироки климатски промени како што се циклусот Ел Нињо и Ла Нињa, но тоа не е секогаш случај. Многу варијабили може да доведат до насукување“, се додава во соопштението.

Риба од овој вид беше фатена и во Австралија во септември оваа година.

🐟 Just when you thought the oarfish hype had died down … Look what decided to make another appearance!


🌊 Last week,...

Posted by Scripps Institution of Oceanography on Wednesday 13 November 2024

Инаку, ова е вид риба од семејството коскени риби за која долго се веруваше дека изумрела пред околу 66 милиони години, заедно со диносаурусите. Меѓутоа, во 1938 година е откриен жив примерок покрај брегот во Јужна Африка, што предизвика големо изненадување во научната заедница. Оваа риба претставува таканаречен „жив фосил“, бидејќи нејзиниот вид не е значително променет во текот на милионите години.

За неа се врзува една стара јапонска легенда дека „навестува земјотрес“, поради што го добила името „риба на судниот ден“.


Имено, според јапонската митологија, овие риби се издигнуваат на површината и се „насукуваат пред земјотрес“, а веста за тоа дека рибата е забележана во плитки води ги загрижила мештаните. Стравувањата дополнително ги зголемил и фактот што рибите почнале да се издигнуваат на брегот две години пред катастрофалниот земјотрес и цунами во Фукушима, кои се случија во 2011 година.


Иако научниците ја отфрлија оваа идеја и добро е познато дека земјотресите не можат да се предвидат, митот сè уште е присутен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг