[ФОТО] Светска премиера: Ова е "Volkswagen Tiguan 2025"

Точка

21/11/2024

13:57

713

Големина на фонт

а а а

"Volkswagen" ја претстави новата верзија на "Tiguan", најпродаваниот модел на германската марка во САД.

"Volkswagen Tiguan 2025" има похрабар дизајн, поголема моќност и подобрена ефикасност, велат од "Volkswagen", додавајќи дека станува збор за модел целосно редизајниран на платформата "MQB evo".


Надворешноста на редизајнираниот "Tiguan" е дизајнирана да испрати порака за моќта на моделот, па во склад со тоа доби „помоќен нос“ во споредба со претходната, втора генерација. Понатаму, разредени се предните светла и поставена е "LED" лента со осветлено лого.


Профилот е поспортски од неговиот претходник, а одзади линијата на покривот е проширена со спојлери кои треба да ја оптимизираат аеродинамиката на автомобилот.


Новиот "Tiguan" ги заменува тркалата од 17 инчи со тркала од 19 инчи, со опција за тркала од 20 инчи. Кога станува збор за палетата на бои, "Volkswagen" додаде три нови избори: „Avocado Green Pearl“, „Sandstone Uni“ и „Monterey Blue Pearl“.


Кога станува збор за ентериерот, од "VW" велат дека се направени значителни подобрувања во одделот за технологија и дизајн, од американско дрво од орев до Савона кожа.


Исто така, создаден е повеќе простор за централната конзола што придонесува за повеќе простор за складирање во кабината. Во внатрешноста има и 10,25-инчен "Digital Cockpit Pro" систем, поврзан со нов 12,9-инчен централен инфозабавен систем.


Под хаубата се наоѓа 2.0-литарски четирицилиндричен мотор кој сега има 201 коњски сили, за разлика од 184 кај претходниот модел. Покрај тоа, автомобилот севкупно е околу 80 килограми полесен од порано, главно благодарение на употребата на алуминиум како еден од градежните материјали.




Спонзорирани линкови

Маркетинг